Поранешна директорка на градинка обвинета дека на децата им давала гуми за џвакање кои успиваат

Поранешна директорка на градинка во американскиот град Индијанаполис, во сојузната држава Индијана, обвинета е дека на децата им дава гуми за џвакање со мелатонин (хормон за спиење), без согласност на нивните родители, пренесува Анадолу.

Според судските документи, свештеникот Дејвид Фолк ѝ рекол на полицијата дека дошол до сознанието дека Тоња Рејчел Ворис (52), директорка на градинка на Црквата „Њу лајф“ во Камберленд и една нејзина вработена, им давале гуми за џвакање со мелатонин на 17 деца, кои биле на возраст од 1 до 4 години, без согласност на нивните родители.

Свештеникот Фолк истакна дека Ворис била отпуштена откако признала, но другото лице сè уште работи во градинката.

Ворис ќе одговара по 17 точки од обвинението за невнимание и неодговорно однесување во грижата за децата кои биле под нејзино старателство.

Некои родители пријавиле во полиција дека нивните деца имале несакани ефекти како што се отежнато спиење и осип по телото.

Според затворската евиденција, Ворис по приведувањето била ослободена со кауција.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.