Казна затвор за поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ одреди Основниот суд во Свети Николе. Според пресудата тој е осуден на казна затвор во траење од година и шест месеци за „несовесно работење во службата“ и оштетување на буџетот на локалната власт.
Судот 4 март годинава одлучил покрај затворската казна, Василевски да плати 2.285.044 денари како оштета на општината.
Велковски, додека бил градоначалник, склучил договор за реализација на проект на 19.6.2019 година, со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, за што пак, на 27.12.2019 потпишал договор за финансиска помош за истиот проект со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во износ од 2.285.044 денари. Услов за исплата на средствата бил проектот да се заврши до 31.12 2020 година. Но, Василевски, неколку пати, без основ, го продолжувал рокот за изведба со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, со што рокот бил продолжен до 15.5.2021 година, а буџетот на општината оштетен поради нарушување на договорот со финансиерот, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Овој градоначалник во јавноста стана познат откако се дозна дека неговата ќерка, при извлекувањето на наградите на наградна игра организирана од Општината беше најсреќна во Лозово и ја доби главната награда- шпорет! За него бепе објавено дека за пет месеци додека бил градоначалник од работа отсуствувал 188 дена од кои место дури 175 бил во Германија.