„Порше“ остана без тркало по сообраќајка во Скопје

Автомобил „порше“ имал сообраќајка вечерва во Аеродром. Инцидентот се случил околу 20 часот на крстосницата од булеварите Јане Сандански и Србија, објави 24info.mk.

Според неофицијални информации, „поршето“ најверојатно излетал од патот, по што му се откинало едно тркало.

За среќа нема повредени во несреќата.

извор: 24info.mk.