Во текот на вчерашниот ден, нашата Света Обител ја имаше честа да ја пречека Н.Е. Амбасадорката на Украина, г-ѓа Лариса Дир, заедно со нејзината придружба. Ценетата гостинка го посети и Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, каде што имаше можност да се сретне со нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј.
Во срдачната атмосфера на претпразнично очекување на Рождеството Христово, Владиката и Амбасадорката ги споделија своите обострани желби и молитви за мир во Украина, за покој на душите на многуте загинати и за утеха во семејствата на сите оние што страдаат од последиците на војната.
Амбасадорката изрази благодарност за можноста да го посети Манастирот, а на сестринството од Рајчичкиот Манастир им посака светлина, просперитет и заштита.
Бигорски манастир