Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе.
За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.
Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.
Со новиот тарифник поскапуваат и услугите на самите геодети.Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот. Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари.
Значително е поскапувањето за самите инвеститори.