Катастарските услуги поскапени од 25 до 30%. Зголемените трошоци за струја и одржување на софтверот се главните причини за порастот на цените.
Првиот човек на оваа институција уверува дека дел од услугите се намалени, кај дел цената останала непроменета, а впечатокот дека поскапувањето е големо се добива затоа што услугите се сублимирани, односно наместо 5 сега има 2 тарифници. З Вадењето имотен лист и лист за предбележување од 180 сега чини 250 денари, запишувањето на парцела неместо 150 ќе чини 240 денари, изработката на геодетски елаборат од 750 е 1500 денари.
Се плаќа и фиксен наодеместок од 250 денари за речиси сите ставки, како и за заверека на елаборатите Хартиените и електроински услуги ќе имаат иста цена – не 600, туку 750 денари
Доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите., изјкави Борис Тунџев, директор на Агенција за катастар.
Од ВМРО ДПМНЕ пак, обвинуваат дека поскапсувањето кај некои услуги е над 500%. Тие бараат Владата да побара одговоронот и да го разреши Тунџев, затоа што, според нив, ја довел Агенциајат во банкрот.
kurir.mk