Околу 140 000 луѓе се собираа на плоштадот „Свети Петар“ и околните улици во Ватикан за да присуствуваат на погребот на папата Франциск, кој беше скромен водач и претставник на сиромашните, мигрантите и другите маргинализирани луѓе.
Плоштад „Свети Петар“ е речиси полн.
Претседатели и премиери од повеќе од 150 земји им се придружија на толпите верници на 26 април за да му оддадат последна почит на папата на погребната миса на плоштадот „Свети Петар“.
Меѓу присутните се и претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија. Трамп во неколку наврати се судри со Франциск, главно поради нивните спротивставени ставови за имиграцијата.
Покрај Трамп, присутни се и претседателот на Аргентина, татковината на Папата, како и шефовите на државите на Франција, Германија, Италија, Филипините, Полска, Велика Британија и Нов Зеланд.
И британскиот принц Вилијам му оддаде почит на папата во име на кралот Чарлс III. Вилијам, заедно со британскиот премиер Кир Стармер, стоеше пред запечатениот дрвен ковчег на папата Франциск, кој беше поставен пред олтарот во базиликата „Свети Петар“.
slobodnaveropa.mk