Потонатиот француски воен брод „Париз 2“ во Анталија ги фасцинира нуркачите со мистичниот изглед

Новите подводни снимки го откриваат фасцинантниот мистичен изглед на францускиот воен брод „Париз 2“, кој потона во Првата светска војна во близина на Кемер, во јужната турска област Анталија, јавува Анадолу.

Овој брод, стар еден век, се наоѓа на длабочина од 30 метри, долг е 50 метри и широк осум, со вкупна тежина од 551 бруто-тон.

Бидејќи бил опремен за борба, структурата на бродот сè уште ги чува шесте противвоздушни топа и двете торпедо цевки.

Со своето морничаво и магично присуство, „Париз 2“ денес е едно од најпосетуваните места за нуркање на љубителите на историјата.

Признат како едно од најдобрите 100 места за нуркање во светот, овој потонат брод секоја година привлекува илјадници посетители од целиот свет.

Нуркачите имаат ретка можност за подводна авантура и да погледнат директно во поморската историја од почетокот на 20 век.

 

извор:АНАДОЛИЈА