На Самитот, премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска пишува „Курир“
Ова претставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.
Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.
Се очекува повеќе информации во текот на денот.
skopjeinfo.mk