Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан амандман на Договорот за грант за партнерство за развој помеѓу САД и Република Северна Македонија. Амандманот ќе го потпишат министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во РС Македонија Џери Дајбл, а ќе присуствува и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз. Петгодишниот Договор, потпишан во мај лани, предвидува поддршка за постигнување три развојни цели: за зајакната економска конкурентност, зголемен придонес на младите во општеството и намалена корупција.
Радио слободна Европа