Гинтер Пархе, германски навивач кој во 1993 година ја нападна и избоде со нож во грбот тогаш најдобрта тенисерка Моника Селеш почина на 68-годишна возраст.
Во последните 14 години, Пархе живеел во старечки дом во Тирингија во градот Нордхаузен.
Пархе живеше десет километри од блискиот Герсбах. Беше фанатичен навивач на Штефи Граф, а кога Моника ја престигна Германката, Пархе не можеше да издржи.
Своевремено на суд изјави дека одлучил „да ја уништи кариерата на Моника Селеш“.
Грозоморниот чин го изврши на 30 април 1993 година на турнирот во Хамбург каде Селеш играше против Магдалена Малеева.
Пархе се прикраде зад Селеш која во тој момент седеше на клупата меѓу двата натпревари и ја избоде со нож за коски долг 23 сантиметри. Среќата во несреќата е што Селешо се помрднала напред, па ножот продрел само два сантиметри.
Иако се здоби со полесни повреди, со години се бореше со психолошките последици.
По две судења, Пархе беше осуден на две години условна казна за тежок напад. Во затвор мина само неколку месеци, до октомври истата година, кога беше изречена пресудата.
видео: YOUTUBE World Of Tennis