Починат мaж пронајден во напуштен објект во Скопје

Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.

Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.