Почина Архиепископот Анастасиј Тирански, Драчки и на цела Албанија

Денес на 25 јануари 2025 година, заспа во Господа неговото Блаженство, Архиепископот Анастасиј Тирански, Драчки и на цела Албанија.
Незаборавниот Архиепископ Анастасиј ја обнови и воздигна Православната Автокефална Црква на Албанија, која ја издигна од нејзините урнатини по падот на атеистичкиот режим. Со својата боговдахновена визија и неуморна работа, тој го изгради црковниот живот од самиот негов темел, изгради стотици цркви, основа образовни и филантропски институции, едуцираше и ракоположи ново свештенство, нудејќи несебична и пожртвувана служба повеќе од триесет и три години.
Вечен да му биде споменот!