Почина Вадим Бакатин, последниот шеф на советскиот КГБ

Вадим Бакатин, последниот шеф на Комитетот за државна безбедност на Советскиот Сојуз, надалеку познат по руската кратенка КГБ, почина на 84-годишна возраст. Руската државна телевизија ја објави смртта на Бакатин на 1 август, но не даде детали.

Бакатин беше назначен на функцијата од последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, во август 1991 година по неуспешниот државен удар. Тој служеше во тоа својство до колапсот на земјата во декември истата година. Под негова команда, КГБ беше реформиран, но не и целосно распуштен како што бараа многу радикални реформатори.

 

Радио Слободна Европа