Маж избодел и убил 14-годишно девојче и тешко повредило 13-годишно девојче на пат кон училиште во јужна Германија. Германската полиција за нападот сомничи 27-годишен барател на азил од Еритреја. Во соопштението тие наведуваат дека осомничениот маж вчераутро излегол од прифатилиштето за бегалци во селото Илеркирхберг и ги нападнал ученичките.
Локалните медиуми јавуваат дека постарото девојче подоцна починало во болница, додека тринаесетгодишното девојче не е во животна опасност и се опоравува од повредите. Полициските службеници го идентификувале осомничениот при претрес на блиска зграда, при што кај него бил пронајден нож за кој се претпоставува дека бил употребен во нападот. Приведени се уште двајца мажи, пишува Би-би-си.
index.hr