Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.
Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар.
И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми.
Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија.
Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.
фото: Архива