Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Штип почина откако бил примен со знаци на труење во Клиничката болница во Штип, соопшти СВР Штип.
Според информациите, на 22 февруари 2025 година, во 11:31 часот, во болницата бил донесен 21-годишниот Е.А. од Штип, кој по кратко време починал. Лекарите констатирале смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
skopjeinfo.mk