Пред два дена светот дозна дека Мино Раиола е во многу тешка ситуација и се бори за живот, а денес семејството потврди дека починал.
Познатиот фудбалски агент ја загуби битката за болеста и почина на 54-годишна возраст.
Пред два дена се појави вест дека починал, која беше демантирана, но од болницата во Милано потврија дека е во многу тешка состојба.
— RAIOLA (@MinoRaiola) April 30, 2022
Денес семејството на Раиола официјално потврди дека ја загубил битката за болеста и починал на 54-годишна возраст.