Денеска е објавено дека таа починала. Гинисовата книга на рекорди објави дека Пеблс починала од природна смрт во Јужна Каролина, а покрај неа биле нејзините сопственици Боби и Џули Грегори.
Нејзиниот рекорд бил потврден на 17 мај годинава, кога била запишана во Гинисовата книга на рекорди, со што ја „презеде“ титулата од чивавата Тоби Кит, кој со 21 година важеше за најстарото куче. Сопственичката на Пеблс, Џули објасни дека кога ја видела приказната на Тоби Кит на вестите, се пријавила за Гинисов рекорд.
Набргу потоа, нејзината апликација е потврдена и на адресата на Пеблс пристигнал сертификат за признавање. Откако Пеблс во години ја „престигна“ чивавата Тоби Кит, сега тој веројатно ја поврати титулата најстаро куче на светот.