Уште една трагична вест го потресе македонското новинарство. Почина новинарката на Вечер, Анета Ѓошевска кој целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција.
Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.
Посмрните останки ќе бидат изложени денес во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.