Почина поранешната грчка министерка Мариета Јанаку

Поранешната министерка и пратеничка од грчката партија Нова демократија, Мариета Јанаку, почина денеска на 71 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.

Јанаку изминатите години имаше сериозни здравствени проблеми, а неколку седмици беше во болница, каде што и почина.

Во минатото беше министерка за здравство и за образование, неколку пати беше избрана за европратеничка, како и пратеничка во Парламентот, а од април минатата година беше претседателка на парламентарната група за пријателство меѓу Грција и Македонија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство за смртта на Јанаку.