Родилка од Делчево почина на Клиниката за гинеколигија и акушерство во Скопје. Според првичните информации родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило обилно краварење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција.
Мајката и новороденчето од штипската болница итно се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје, но таму починала.
Од Клиничка болница-Штип го потврдуваат случајот и најавија повеќе информации во писмено соопштение во текот на утрешниот ден.
telma.mk