Почина сликарот Коле Манев

Коле Манев, познатиот македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, почина денеска на 83-годишна возраст.

Карактеристично за целото творештво и уметничкото дејствување на Коле Манев е нишката на болката и страдањата на бегалците од Егејска Македонија.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Toj е еден од групата македонски сликари, протерани од своите домови во Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1948 година. Се школувал во Скопје и во Белград. Студирал и во Париз и присуствувал на предавања во Прага за анимиран филм. Имал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот. Манев во 2012 година изложи 29 слики во новиот мултимедијален центар „Хаус ексклузив“

 

 

kurir.mk