95-годишна Австралијка која боледуваше од деменција почина во болница една недела откако полицијата ја тесерираше во дом за стари лица.
„Со голема тага можеме да го потврдиме смртта на 95-годишната Клер Ноуленд во Куома синоќа“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс. „Г-ѓа Ноуленд почина мирно во болница, кратко по 19 часот синоќа, опкружена со семејството и најблиските кои побараа приватност во овој тажен и тежок момент“.
Инцидентот се случил минатата среда, кога полицајците пристигнале во домот за стари лица Yallambee Lodge во Куома по извештаите дека 95-годишната Клер Ноуленд се шетала со нож во рацете.
Кога полицијата пристигнала во објектот, го нашла Ноуленд со нож за месо. Надлежните и вработените во домот за стари лица се обиделе да ја смират ситуацијата, но 95-годишната жена полека тргнала кон полицијата, по што била удирана со електрошокер. „Користеше шетач. Но имаше нож“, соопшти полицијата, а пренесе Би-би-си.
index.hr