Почина Франц Бекенбауер – најголемата германска фудбалска легенда

Франц Бекенбауер, кој се сметаше за најголема германска фудбалска легенда, почина на возраст од 78 години, соопшти неговото семејство.

Познат и како „Кајзер“, Бекенбауер го освои Светското првенство во фудбал како играч и како тренер за Германија, а потоа ја донесе и организацијата на Мундијалот во својата земја во 2006 година.

„Со голема жал ве информираме дека мојот сопруг и нашиот татко Франц Бекенбауер почина мирно вчера, во неделата, опкружен со своето семејство“, соопшти семејството. „Ве молиме да жалите во тишина и да не поставувате прашања“.

Бекенбауер му се придружи на Бајерн Минхен од рана возраст и брзо стана клучен играч во славниот клуб. Во кариерата четири пати ја освои Бундеслигата, три европски шампионски титули и Интерконтиненталниот куп.

Пленеше со својата елеганција и леснотија во играта на теренот, и ја редефинираше улогата на одбранбените фудбалери. Врвот го достигна со освојувањето на светската титула со репрезентацијата на Германија во 1974 година. Во 1990 година ја освои светската титула и како селектор на германската фудбалска репрезентација.

извор: DW.COM