Почина хрватскиот ракометар Тот кој играше за македонски клуб

Хрватскиот 27 годишен ракометар кој играше за македонскиот клуб „Бутел“ Денис Тот починал денеска на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување Карил, јавува новинската агенција МИА. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.

Директорка на КАРИЛ, Маја Мојсова изјавила дека кај пациентот не биле пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Ракометниот клуб „Металург“ на социјалната мрежа Фејсбук му изрази сочуство на семејството и на РК Бутел, за загубата на младиот Денис Тот.

 

Радио Слободна Европа