Актерот Кевин Конрој, кој привлече големо внимание во јавноста позајмувајќи му го гласот на легендарниот Бетмен, почина на 66-годишна возраст откако извесно време страдаше од непозната болест.
Кевин доби милиони фанови ширум светот во 1990-тите, кога го позајми својот препознатлив глас на многу анимирани ликови, а најпознат е Бетмен.
Веста за неговата смрт ја потврди неговата колешка Дајан Першинг.
– Многу тажна вест: Вчера почина нашиот сакан глас на Бетмен, Кевин Конрој. Беше болен некое време, но навистина вложи многу време во работата – напиша таа на Фејсбук, додавајќи:
– Ќе им недостига на многумина, не само на актерската екипа, туку и на многу обожаватели.
popara.mk