Почина 27 годишна девојка, откако и се слошило во хотел

Ноќва во 00.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на ул.„Чаирска“ за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Лицето е предадено на обдукција.

извор: МВР