Економската криза и мерките за нејзино надминување се во фокусот на денешната 17. седница на Советот за безбедност.
Седницата почна, а на неа покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Седницата се одржува Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Предвидено е по нејзиното завршување, изјави да дадат претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски.
фото: Архива