Телото на млад поштар од Црна Гора вчера е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун.
25-годишниот Милош Стаматовиќ во саботата излегол на терен и со себе имал 15.000 евра кои требало да им ги подели на пензионерите. Откако не се вратил по завршетокот на смената, колегите го пријавиле за исчезнат. Набргу по исчезнувањето на Стаматовиќ, пронајдено е возилото во кое младиот човек превезувал пари. Во возилото се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра.
Полициската управа и Поштата на Црна Гора сега ја потврдија информацијата дека младиот поштар бил пронајден во вода со врзани раце за порталот Прес.
Јавноста реагира што во 2022 година поштари со толку пари на себе се пуштаат сами, без обезбедување на терен.
извор: Прес