Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, во вторник, 28 јануари, поднесе неотповиклива оставка.
Оставката следува по нападот на студенти во Нови Сад, кои биле нападнати и тепани од група мажи со безбол палки кога студентите лепеле налепници и цртале шаблони низ Нови Сад.
Еден ученик е тешко повреден и се наоѓа во Ургентниот центар.
„Како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, верувам дека прифаќањето на одговорноста и поднесувањето оставка е моја човечка и политичка обврска и морална должност“, се вели во изјавата на Ѓуриќ.
Тој ја повика полицијата што поскоро да ги открие напаѓачите на студентот и правосудните органи да ги казнат согласно законот.
„Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и за подобрување на животот на жителите на Нови Сад“, се додава меѓудругото во изјавата на Ѓуриќ.
Еден час претходно оставка поднесе и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
slobodnaevropa.mk