По Груби, и Али Ахмети замина на Косово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети се фотографирани во угостителски објект во Приштина.

Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, се вели во објавата на Фејсбук.

Како што објавија косовските медиуми, на Ахмети ќе му биде доделен клучот од Приштина.

Неговиот престој во Приштина е во исто време со Артан Груби, осомничен во предметот „Државна лотарија“, кој пред два дена отиде на Косово, а е во очекување на одлуката на Кривичен суд за притворот кој за него го бара Обвинителството.

Првиосомничениот, поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прперим Бајрами исто така не е во земјава. Според информациите кои ги објавија дел од надлежните, тој пред извесно време заминал од Македонија, веројатно исто така на Косово.