По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника.

Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата.

„Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.