Министерот Бујар Османи на брифингот за активностите на МНР соопшти 4 амбасадорски имиња. Нови амбасадори се Цуфи Исмаили во Брисел, во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски, објави Телма.
Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност.
Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора.
извор: Телма.