Првото родено бебе во Македонија е машко, една минута по полноќ

Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Веста беше објавена на социјалните мрежи, каде од клиниката споделија информации и му посакаа силно здравје и среќни детски дни.

„Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3190 грама и е долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато.На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, посочуваат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.“, стои во Фејсбук објавата од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство

 

 

 

skopjeinfo.mk