Денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со 64-годишниот Е.Т. од село Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на село Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа, извести МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.