Оваа ноќ во нашата Република Македонија повторно ќе биде многу ладна и ведра во целост, без никаква облачност, а ќе биде тивко и без некој изразен ветер. И во Скопје и околината ќе имаме ведро, тивко и ладно време без некој изразен ветер.
До утре (четврток 20 март) наутро температурите буквално насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно, тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, па така поради ова повторно ќе има појава на умерени до јаки мразеви во Македонија. Да напоменам, дека на високите места, планините, како и на Скијачките центри, температурите повторно ќе се спуштат и под -10 степени.
Во Скопје до утре (четврток 20 март) наутро, температура ќе се спушти до околу -5/-6 степени, најавува метеопрогнозерот Слачво Попоски.