Голем број активности на ,,Паркови и зеленило”
Пред пролетната вегетација на зелените површини, екипите на ,,Паркови и зеленило” со голем број активности ги подготвуваат дрворедите и хортикултурните катчиња
Се кројат крошните од дрворедите на ул.Булевар Туристичка, дрворедот на пешачката патека од канал Студенчишта до Горица, како и тековно одржување на дрворедот по ул. Македонски Просветители
Се шишаат декоративните садници и грмушки, се врши окопување, прашање и кроење на парковските содржини и засадување на цветен расад
Се засадуваат нови садници во делот меѓу двете сообраќајни ленти ул. Македонски Просветители
Заради поголема безбедност во движењето на пешаците и возилата, се чистат и кратат гранки од дрвја во Стар Град
извор: ФБ Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид