Премиерот Мицкоски се сретна со генералниот директор на компанијата „Џонсон Мети“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот директор на компаниијата „Џонсон мети“, Лииан Кондон.

Продуктивна средба со генералниот директор на компанијата Johnson Matthey, Лиан Кондон. Разменивме мислења за тековните и идни проекти што ги имаме со Johnson Matthey. Горд сум што една реномирана компанија продолжува да инвестира и да работи во нашата земја. Нејзината посветеност е од клучно значење за економскиот развој на државата и за квалитетот на животот на нашите сограѓани. Очекувам успешна и плодна соработка во иднина, објави Мицкоски на социјалните мрежи.