Премиерот на Црна Гора сака да го врати островот ,,Св. Стефан,, во државна сопственост

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, најави дека Владата се бори да најде одржливо решение за Свети Стефан.

„Најлошата опција е да остане затворен. За се друго треба да се најде компромис и тоа со жителите. Тоа е најголемото туристичко богатство што го има Црна Гора“, рече Абазовиќ.

Според црногорскиот премиер, можно е Свети Стефан да се врати во државна сопственост и да се прогласи за посебно добро кое што не може да се отуѓи.

Тоа е идеја“, кратко изјави Абазовиќ.

 

vecer.mk