Премиерот Mицкоски единствен од лидерите од регионот на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари.

Мицкоски доби официјална покана и ќе биде во Вашингтон. Покрај него ќе биде премиерката на Италија Џорџа Мелони, поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки ,а покана има и премиерот на Унгарија Виктор Орбан но неизвесно е дали ќе дојде.

На инаугурацијата ќе биде и Јирген Хард, од германската Христијанско-демократска унија, како и премиерот на Аргентина Хавиери Милеи.