Вчера се случила пресметка меѓу локални кланови во градот Мемаљиај, во областа Ѓирокастро, јавуваат албанските медиуми.
Цел на пукањето биле членовите на семејството Каљеми, кои биле во кафеана на роднини.
Според информациите, загинале три лица од кои Шиќири Каљеми (74), келнер и муштерија во локалот, а напаѓачите пукале од калашникови.
Постои сомневање дека членови на семејството Каљеми учествувале во убиството на бизнисменот Едмонд Папа во 2022 година, по што Шиќири Каљеми бил застрелан неколку пати.
По инцидентот, полицијата поставила контролни пунктови во градовите Фиера, Берат и Валона, а во блиското село било пронајдено опожарено возило „БМВ“ кое наводно го користеле сторителите.