Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника

Денеска (21.12.2024) полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3000 парчиња пиротехника.
Денеска, исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп ги лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп и Ф.И.(36) од Прилеп бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2000 парчиња пиротехника. По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.