Денеска (21.12.2024) во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Маж почина откако при возење му се слошило и излетал од коловозот на патот Битола – Прилеп!
На 01.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на…
ДИК го усвои оперативниот план на стручната служба за менаџирање избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 72 седница на која беа разгледани повеќе точки, на која меѓу другото го…
При контрола фатени два автобуси кои вршеле меѓународен превоз без соодветна документација
Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување…