На 17.12.2024 во 12 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, со наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на Н.А.(25) од Велес, кој на 16.12.2024 во 20.30 часот на наплатна станица Сопот бил лишен од слобода затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја. При претресот била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Н.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Пендаровски се побуни за зголемените плати овозможени од Уставниот суд
Претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за…
Заев и Филипче заедно одмораат во Грција
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и поранешниот министер за здравство…
Денес во Македонија максимални 28 степени, со умерена облачност
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во попладневните часови облачноста наместа…