На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Related Posts
Книга на жалост ќе биде отворена во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“
Во основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци” утре ќе биде отворена книга на жалост по повод смртта на 14-годишната Вања…
Единицата за интервентна полиција приведе три лица од Скопје и скопско барани со потерници
Денеска (25.03.2024) во 13.30 часот во с. Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го…
Исчезна маж во Велес, внукот пријавил во полиција
Маж на возраст од 59 години бил пријавен за исчезнат во СВР Велес вчера во 19 часот. За исчезнувањето пријавил…