Претрес во Дебар, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

На 20.05.2025 во 15.30 часот во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишија од слобода С.Ш.(56) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземение се пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, 52 куршуми со калибар 7,65 и 7,62 мм, кои ги поседувал без документација, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.