На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“. Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Франција го одликува уметникот Киро Урдин со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“
Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на…
Сеуште не е изгаснат пожарот во Фелише, тетовско
Тетовските пожарникари цела ноќ го гаснеа пожарот во селото Фелише каде од вчера гори магацин и продавница за бои и…
МЗШВ: Од први септември започнува ловот на дивите свињи како една од мерките во борбата против болеста Африканска свинска чума
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со…