На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, кај кого, врз основа на судска наредба од Основниот суд Тетово, во времето од 12 до 16.45 часот, полициски службеници извршиле претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост. При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети. По документирање на случајот, против Љ.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.