Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Related Posts
Пријава за исчезнато лице во селото Лазарополе
Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж. Неговото исчезнување било пријавено…
Транспарент со ликот на лидерот на ДУИ Али Ахмети е поставен на еден надвозник на автопатот Скопје – Тетово
Транспарент со ликот на лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово е поставен на еден надвозник на автопатот Скопје – Тетово,…
Одзивот на претседателските избори до 15 часот е 31,98 проценти, а на парламентарните 36,84
Излезноста на претседателските избори до 15 часот часот изнесува 31,98 отсто, а на парламентарните 36, 84 проценти, покажуваат најновите податоци…